Радев: Да ги смириме емоциите во однос С. Македонија и да бидеме трпеливи и со здрав разум

пред 5 месеци

Треба да почекаме да се смират емоциите и да покажеме трпеливост, смиреност и здрав разум, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија „треба да го брани својот став за македонското прашање или да отстапи од него“.

– Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да бидат членови на ЕУ, но тоа треба да биде одржлив процес, каде искоренувањето на антибугарската реторика и на јазикот на омраза, како и објективното признавање на историската вистина, треба да станат неповратен процес. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права, истакна бугарскиот претседател.

Радев потенцира дека една година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија, тој побарал да биде потпише анекс на документот, бидејќи, како што оцени, немало напредок околу неговото спроведување.

– Пред една година, во септември, свикав итен консултативен состанок со владини претставници, каде што инсистирав на изготвување на национална рамковна позиција што јасно ќе ги утврди нашите услови и црвените линии. Продолжувам да се залагам за тоа, нагласи Радев.

Share

AnimeTV animetv jp: Dr. Stone Episode 24

WCOStream anime online: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full

Scroll to Top