Рама: Нема прошка за никого ако не ги почитува анти-ковид мерките за време на изборни активности

пред 3 месеци

Албанскиот премиер Еди Рама предупреди строго да се почитуваат анти-ковид мерките за време на кампањата за изборите на 25 април.

Според него, нема да има прошка за никого, ни за лидер на партија, министри, пратеници, шеф на државата.

-Санкции за политичките партии без исклучок, казни за секого, било тоа да се лидери на партија, министри, пратеници или претседател. Јас сум многу строг кон себе, па нема причина другите да не го прават тоа, порача Рама.

Во меѓувреме, според агенцијата Балкан веб, на крајот од тркалезната маса во Елбасан, посветена на образованието, се случила непријатна ситуација со претседателката на Движењето за социјалстичка интеграцја (ЛСИ), Моника Криемади,токму околу непочитувањето на мерките.

Полициски службеници и се приближиле и на групата потсетувајќи ги дека собир на повеќе од 10 лица не е дозволен според антиковид протоколот. Тие, исто така, ги потсетиле претставниците на ЛСИ за задолжително носење заштитни маски.

-Претседателката на ЛСИ, Моника Криемади ги покани да ја извршат својата должност и да изречат казни во случај да утврдат прекршоци. Но, не само тоа. Таа ги покани првично да се справат со бандите и криминалци, пренесува агенцијата Балкан веб.

Поради неносење заштита маска Круемади, која по занимање е лекар, веќе е казнета на двапати.

Share

AnimeHeaven toradora anime heaven: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 10 (https://animeheaven.pro/m/NpmK/ep-10)

AnimeDao dubbed anime: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12

Scroll to Top