Седумдесет отсто од Израелците ја примиле првата доза на вакцината

пред 21 час

Повеќе од 70 проценти од луѓето постари од 16 години во Израел ја примија својата прва доза вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Јули Еделштајн.

Еделштајн на Твитер напиша дека 4.456.000 луѓе ја примиле својата прва доза вакцина, од кои 3.076.000 примиле и втора вакцина.
Во понеделникот беа пријавени 4.677 нови случаи на коронавирус.

Израел во моментов е во процес на отворање на училиштата, забавната индустрија и продавниците.

Од неделата, земјата презентираше стимулации за луѓето кои се вакцинирале против Ковид-19, така што Израелците кои ги примиле двете дози на вакцина ќе можат да посетуваат спортски центри, театри, музеи и хотели.

Притоа, тие мора при влегување да покажат потврда за вакцинација, таканаречена „зелена пропусница“.

Општината Тел Авив денеска соопшти дека ќе го прослави враќањето на културниот сектор, кој речиси целосно беше затворен во поголемиот дел од годината, со организирање концерт во среда за постарите жители кои се вакцинирани.

Министерството за здравство укажува дека вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ е многу ефикасна.

Share
Scroll to Top