Се вакцинираа Сакеларопулу и Мицотакис

пред 6 месеци

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е првиот политичар во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек за Ковид-19, а половина час подоцна се вакцинираше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакелaропулу и Мицотакис се вакцинираа во две различни атински болници, од симболични причини за да им дадат пример на граѓаните, а целиот процес во живо беше пренесуван на грчките телевизии.

Грчката претседателка во болницата „Евангелисмос“ пристигна и се вакцинираше во присуство на министерот за здравство Василис Кикиљас и неговиот заменик Василис Кондозаманис.

Мицотакис вакцината ја прими во болницата „Атикон“ во присуство на шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас.

И грчката претседателка и грчкиот премиер ги следеа потребните процедури како пред, така и по вакцинацијата.

Пред да ја примат вакцината, го пополнија прашалникот во однос на евентуалните претходни здравствени проблеми или алергии, а по примањето на вакцината почекаа 15 минути, за можни реакции од вакцината.

По Сакеларопулу и Мицотакис, во текот на денешниот ден ќе се вакцинираат шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, генералниот секретар на партијата МЕРА25 Јанис Варуфакис, претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос и митрополитот Јеротеос, како претставник на поглаварот на ГПЦ.

Претпладнево, како што претходно објави МИА, медицинска сестра од Одделот за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица, беа првите грчки граѓани кои ја примија вакцината за Ковид-19.

Share

AnimeDao animes online: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 3 (https://animedao.nl/m/0kkJ/ep-3)

4Anime 4anime hunter x hunter: Attack on Titan Season 3 Part 2 (https://4anime.biz/m/6LzY) Episode 10

Scroll to Top