СЗО: До крајот на 2021 година ќе дистрибуираме две милијарди вакцини

пред 8 месеци

Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека ќе може да дистрибуира околу две милијарди вакцини против коронавирусот до сите земји во светот до крајот на 2021 година, изјави претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ.

– СЗО покажува умерен оптимизам кога станува збор за вакцините. Веруваме дека наскоро ќе можат да се даваат безбедни и ефикасни вакцини и оти фармацевтските компании ќе ни помогнат во борбата против пандемијата. На пример, со помош на механизмот КОВАКС, СЗО верува дека може да дистрибуира до две милијарди дози од еден или повеќе видови на вакцини против коронавирусот, рече Вујновиќ.

Таа додаде дека е рано да се предвиди кога светот ќе се врати во нормален живот.

– Првиот контингент на вакцини ќе им биде понуден на луѓето на кои им е најпотребна, а тоа се здравствените и социјалните работници, како и најзагрозените групи, рече Вујновиќ.

КОВАКС е меѓународен механизам инициран од СЗО со помош на уште некои светски агенции за вакцини и имунизација, а целта е да се добие вакцината за Ковид-19 што е можно полесно и побрзо.

До денеска, 184 држави се приклучија на КОВАКС.

Share

4Anime 4anime hunter x hunter: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 10 (https://4anime.biz/m/wOOx/ep-10)

GoGoAnime steins gate gogoanime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 26 (https://gogoanime.be/m/DEr/ep-26)

Scroll to Top