СЗО: Сезонскиот грип го нема поради мерките против коронавирусот

пред 2 месеци

Мерките преземени од земјите за борба против пандемијата на коронавирусот ја искоренија инциденцата на грип, изјави денеска шефот на одделот за пандемии и епидемични болести на СЗО, Силвија Брајанд.

– Ја следиме сезонската инциденца на грип и можеме да кажеме дека гледаме екстремно ниска циркулација во јужната хемисфера, рече таа. – Можеби има голем број објаснувања за ова, но најреалната хипотеза е дека мерките преземени за борба против коронавирусот се исклучително ефикасни против сезонскиот грип, вели Брајанд. Таа истакна дека СЗО и натаму ќе ја следи ситуацијата со грипот, особено во конекст на вакцинацијата против коронавирус.

– Во оваа фаза, сепак, можеме да заклучиме дека мерките што се ефикасни во борбата против коронавирусот се исклучително ефикасни во борбата против другите заразни болести, рече функционерката.

Претходно беше соопштено дека во 2020 година, според голем број студии, инциденцата на грип е намалена за повеќе од 90 проценти. Според американскиот Центар за превенција и контрола на болести, само во сезоната на грип 2018-2019 во таа земја се разболеле 42,9 милиони луѓе, од кои 647.000 биле хоспитализирани, а 61.200 починале. Во периодот 2017-2019 година имало 48,8 милиони случаи, 959 илјади хоспитализации и 79.400 смртни случаи.

Share

ANIMEFLIX animeflix movie: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 23 (https://animeflix.nl/m/yJBp/ep-23)

GoGoAnime classroom of the elite gogoanime: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 7

Scroll to Top