Сите мирни и посветени на патот кон ЕУ – Палмер ја откри американската визија за Балканот

пред 2 недели

Претставникот на САД за Балканот, Метју Палмер изјави денеска дека доследна американска визија за Западен Балкан е онаа која овој регион го гледа посветен на евроинтеграциите и во мир со сите соседи.

– Се надевам дека тоа не е само визија која ја имаат САД и ЕУ за овој регион, туку е визија и која Западен Балкан ја има сам за себе, истакна Палмер на видео конференцијата „Балкан 2021: Поттикнување на регионалната соработка во постковид ерата“ во Солун.

Тој додаде дека САД остануваат посветени на целта за зачленување на Западен Балкан во ЕУ, како и постигнување меѓусебно длабоко економско партнерство меѓу земјите од овој регион.

Палмер ја поддржа улогата на Грција во регионот на Западен Балкан, посебно поради нејзиниот однос со Северна Македонија, како и поради продлабочувањето на односите со Косово.

– Грција има силна поддршка од САД и сакаме уште посилна соработка низ регионот, нагласи американскиот претставник за Балканот.

Тој истакна дека заедно со Мирослав Лајчак во текот на неодамнешната посета на Белград и Приштина сакал да ја „покаже посветеноста на САД во блиска координација со ЕУ да се олесни дијалогот меѓу Србија и Косово“.

Исто така, тој се осврна и на конечната пресуда за Ратко Младиќ, потенцирајќи дека нејзина цел е да се спречи повторување на злосторствата.

Палмер, исто така, повтори, дека американскиот претседател Џо Бајден потпишал санкции во врска со регионот на Западен Балкан, чија цел е борба против корупцијата и настојувањето да се зајакне владеењето на правото.

Во своето обраќање на конференцијата, тој нагласи дека во регионот се добива впечаток оти ЕУ губи интерес за перспективата за членство на Западен Балкан во Унијата и затоа е потребно да се изградат врски на доверба.

– Потребно е ЕУ итно да го врати својот кредибилитет и во следниот период да ја покаже својата сериозност во врска со Западен Балкан, заклучи Палмер.

Share

https://animefreak.ws anime freak site. Yao Jing Zhong Zhi Shou Ce (https://animefreak.ws/m/GdRy) Episode 14

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Seton Academy: Join the Pack! Episode 12

Watch anime online for free at AnimeHeaven watch anime online. Ichi The Killer: Episode 0 (https://animeheaven.pro/m/XOqN) Episode Full

KissAnime Minecraftforum: https://www.minecraftforum.net/members/kissanimemx

Scroll to Top