Сменет третиот еквадорски министер за здравство во последните 40 дена

пред 1 недела

Еквадорскиот министер за здравство Мауро Фалкони поднесе оствка откако на оваа функција мина помалку од три недели, следејќи ги стапките на неговиот претходник, соопшти владата во Кито, пренесе ДПА.

„Нашите сениори заслужуваат најголема почит. Она што се случи денеска нема оправдување. Побарав оставка од министерот за здравство и тој ќе биде заменет со д-р Камило Салинас”, напиша на Твитер претседателот Ленин Морено.

Локалните медиуми јавија за големите проблеми вчера и завчера со распределбата на вакцините во Кито, каде постарите граѓани чекаа по повеќе од осум часа во ред за да бидат имунизирани, пренесе ДПА.

Весникот „Ел Комерсио“ објави дека имало и проблеми со координацијата на испораката на вакцините, соопштувајќи дека слични проблеми имало и во Гвајакил.

Генералниот секретар на кабинетот, Хорхе Ватд Решуан, настаните во Кито на Твитер ги оцени за „неприфатливи“.

Фалкони е третиот министер за здравство што поднесува оставка во последните 40 дена.

Неговиот претходник, хирургот Родолфо Фарфан, оставката ја поднесе на 19 март иако на функцијата стапи на 1 март, а го замени Хуан Карлос Зевалос, кој поднесе оставка кон крајот на февруари, поради обвинувањата за фаворизирање на вакцините.

Салинас е шести министер за здравство во сегашната влада и петти од почетокот на пандемијата на коронавирусот, соопшти „Ел Универзо“.

Еквадор, латиноамериканска држава со околу 17 милиони жители, досега има регистрирано над 328.000 инфекции и речиси 12.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19, јави ДПА.

Share

AnimeHeaven animeheaven dragon ball super: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview 02

WCOStream wcostream close enough: Banana Fish (https://wcostream.cc/m/6yen) Episode 24

Scroll to Top