СПО победи на изборите во Виена

пред 3 месеци

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) победи на денешните градски и општински избори во Виена, покажуваат излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места. Според излезните анкети СПО освои 42 отсто од гласовите, што е за два процента повеќе од пред пет години. Народна партија на Австрија (ОВП) освои 18,5 отсто од гласовите, што е за двојно повеќеод пред пет години, а Партијата на зелените доби 14 процени од гласовите. Драматичен пад е забележан кај Слободарската партија на Австрија (ФПО), која во 2015 година освои 30 отсто, а сега само 10 проценти од гласовите. Партијата Неос на поранешниот лидер на ФПО, Хајнс Кристијан Штрахе, ќе освои од 3,5 до 5,5 проценти од гласовите, додека Партијата на пивото, како што се очекуваше не го помина изброниот цензус од пет отсто, бидејќи освои само 2,5 проценти. Конечните резултати ќе бидат објавени следната недела бидејќи речиси 40 отсто од граѓаните гласаа по пошта, а тие гласови ќе се пребројуваат од понеделник. Текстот СПО победи на изборите во Виена е превземен од А1он .

Share

Watch Attack on Titan: Crimson Bow and Arrow Episode Full at website https://funimationfree.com. See more funimation mha

Watch Hiyokoi Episode Full (https://animefreak.ws/m/GM6w/ep-1) at website https://animefreak.ws one piece animefreak

Scroll to Top