Столтенберг: Кина не ни е непријател, ама не ги делиме истите вредности

пред 5 месеци

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по дводневниот министерски состанок за надворешни работи на Алијансата, се осврна на предизвиците во односите помеѓу Кина и Западот, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Кина не е непријател на НАТО, јасно е дека подемот на Кина може да донесе нови можности, на пример во трговијата, глобалните прашања како контрола на оружје и климатски промени, вака Столтенберг го започна своето обраќање по завршувањето на министерскиот состанок вечерва.

Но, шефот на Алијансата предупреди дека и покрај можностите за соработка, Кина останува “системски“ конкурент на НАТО и на Западот.

-Кина не ги дели нашите вредности, Кина ги поткопува човековите права, брутализира други држави, изјави генералниот секретар на НАТО.

Тој ги повика демократиите “истомисленички“ да работат заедно во одбрана на нивните вредности, општества, економии и институции во рамки на поредок базиран врз правила.

Министрите за надворешни работи на НАТО, заедно со претставниците на Финска, Шведска, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореа, се согласиле да ја зајакнат соработката и размената на информации за да се пресретнат ефикасно опасностите кои доаѓаат од Кина, во воена смисла, како и во технолошка и инфраструктурна.

-Предизвикот за нашата безбедност од подемот на Кина е, исто така, причина зашто НАТО мора да преземе поглобален пристап и ова е клучен дел од мојот проект НАТО 2030 за зајакнување на нашата Алијанса за иднината, рече шефот на Северноатлантската Алијанса.

НАТО и земјите партнери, вели Столтенберг, треба да инсистираат Кина да ги почитува правилата на меѓународниот поредок.

Министрите на Алијанасата попладнево, исто така, дискутираа и за ситуацијата во Грузија и во Украина, каде Русија сѐ уште претставува опасност за суверенитетот и територијалниот интегритет на овие две земји.

Share
Scroll to Top