Тепиќ ги тужи Брнабиќ и Кризниот штаб, кој според неа не постои

пред 1 месец

Потпретседателката на опозициската Партија за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ изјави дека поднела кривична тужба против премиерката Ана Брнабиќ и членовите на Кризниот штаб за справување со епидемијата на Ковид-19.

Како што наведе, таа тужбата ја поднела заедно со адвокатот Владимир Тодориќ бидејќи „законски комисијата никогаш не била формирана“, како и поради лаги и измама.

Тепиќ на Твитер напиша дека „Кризниот штаб не постои“, повикувајќи ги новинарите да ја побараат одлуката на Владата за назначување членови на тој штаб.

– Кризниот штаб не постои! Нека новинарите ги прашаат „членовите“: покажете ја одлуката на Владата за вашето назначување! Нема! Затоа што не постои! Само фантомскиот штаб на Вучиќ. Законски Комисијата никогаш не била формирана! Затоа, со Владимир Тодориќ ги тужев Брнабиќ и „членовите“, плус заради лаги и измами! “, напиша Тепиќ.

Share
Scroll to Top