Трамп: Бајден ќе влезе во Белата куќа само ако докаже дека гласовите ги добил законски

пред 5 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Твитер порача дека новоизбраниот претседател, Џо Бајден, може да влезе во Белата куќа само ако докаже дека гласовите на избирачите ги добил на законски начин.

-Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател ако можа да докаже дека неговите смешни „80 милиони гласови“ не биле добиени измамнички или незаконски. Кога гледате што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки, огромна изборна измама, тој има голем и нерешлив проблем, напиша претседателот на САД на Твитер.

Трамп синоќа изјава дека ќе се повлече од функцијата ако колеџот на електори изгласа за демократот Џо Бајден. Веднаш потоа тој коментираше дека изборите во САД биле фалсификувани.

Седницата на гласање на колеџот на електори за официјална потврда за победник на претседателските избори на ниво на САД, неофицијално прогласен е демократот Бајден, е закажана за 14 декември.

Share

AnimeTV dubbed anime: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 1 (https://animetv.cc/m/nz0n/ep-1)

AnimeHeaven anime heaven website: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 6

Scroll to Top