Трамп го награди својот верен поддржувач во Конгресот

пред 6 месеци

Американскиот претседател Доналд Трамп му врачи Медал на слободата на еден од своите најистакната сојузници во Конгресот, републиканецот Девин Нунес, член на Претсатвничкиот дом од Калифорнија.

Нунес, беше претседател на Комисијата за разузнавање во Долниот дом на Конгресот и активно го поддржуваше Трамп за време на истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година и во истрагата за неговот отповикување во 2019 година. Во соопштението на Белата куќа се истакнува дека придонесот на Нунес за откривање на „најголемиот скандал во американската историја“, со оглед на неговите напори да ја испита улогата на Русија.

Американските разузнавачки служби и неколку конгресни комитети заклучија дека Русија се мешала во изборите за да ги зголеми шансите на Трамп како претседателски кандидат.

Медалот за слобода, е една од највисоките цивилни награди во САД, а се очекува следната недела да го добие и конгресменот од Охајо, републиканецот Џим Џордан, исто така лојален сојузник на Трамп.

Share

KissAnime black clover kissanime: Watch Spirit Chronicles Episode Preview

WCOStream watch anime dub: Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 126

Scroll to Top