Трамп примил коктел со антитела кој бил развиен со употреба на клетки од абортиран фетус

пред 12 месеци

Еден од лековите што ги земал Доналд Трамп за време на лекувањето на коронавирусот е развиен со употреба на човечки клетки добиени од абортиран фетус, пишува „Гардијан“.

Лекот е коктел од моноклонални антитела развиен од Регенерон, Трамп добил инфузија од осум грама, а лекот не е одобрен.

Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки ХЕК-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 1970-тите години од минатиот век.

Трамп постојано се обидува да го ограничи пристапот до абортус, а еден од неговите последни обиди е да ја номинира конзервативната католичка судијка Ејми Кони Барет за Врховниот суд.

Републиканската партија на Трамп е против истражување на ембрионални матични клетки и повикува на забрана за федерално финансирање на такви истражувања.

Трамп веќе ги ограничи ваквите истражувања во 2019 година кога неговата администрација финансирање на научници кои работат на студии од тој тип.

– Го запревме федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус. Заземаме став пред лобистите за абортус како никогаш досега, рече Трамп на почетокот на оваа година.

Портпаролката на Регенерон, Александра Боуви, рече дека компанијата спорните клетки ХЕК-293Т не ги смета за ткиво.

– Клетките слободно се делат во лабораторија и не сметаме дека оние што денес ни се достапни се ткиво на фетус, и инаку не користевме фетално ткиво, изјави Боуви.

Развојот на коктелот со 450 милиони долари го поддржа Барда, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство, задолжена за истражување и развој во биомедицината. Не е достапен за јавноста и досега е тестиран само на 275 лица.

Share

WCOStream: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 anime episode 9 online free at https://wcostream.cc wcostream close enough

Anime Twist - Watch anime online, English anime onlineAnime Twist - HD anime for free | TwistMoe

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Happy☆Lesson: Advance (https://animefreak.ws/m/q4z) Episode 13

Piqs: https://piqs.de/user/gogoanimebe/

Artmight: https://artmight.com/user/profile/192056

Scroll to Top