Трамп тврди дека победил во неизвесните држави, алудира дека изборите се наместени

пред 6 месеци

Републиканскиот кандидат на американските претседателски избори, Доналд Трамп, тврди дека победил во неизвесните држави Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, како и во Мичиген, но актуелниот претседател, како и во текот на целиот ден, преку Твитер уште еднаш се пожали на нерегуларности на изборите и алудираше на тоа дека тие се наместени.

„Ги добивме, за цели на електорските гласови: државата Пенсилванија (која не дозволува легални набљудувачи), Државата Џорџија и Државата Северна Каролина, а во секоја во нив има ГОЛЕМО водство за Трамп. Дополнително, ја освојуваме и Државата Мичиген, освен ако всушност…,“ напиша Трамп на Твитер во првата порака, која веднаш беше следена од друга, во која обвини дека цели гласачки кутии биле изгубени или уништени на пат до пребројувањето, „како што нашироко се известува“.

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, соопшти дека со правниот тим на претседателот заминал за Пенсилванија за да ги оспори изборните резултати во оваа сојузна држава, која се смета за една од клучните за исходот на изборите.

Џулијани на Твитер напиша дека во Филаделфија има „масовни измами“, тврдејќи дека демократите се обидуваат да ги „украдат“ претседателските избори и дека републиканците нема да го дозволат тоа, пренесува „Индипендент“.

Според него, врз основа на 75 отсто од преброените гласови во оваа држава, Трамп има предност од 550.000 гласови.

Кампањата на Трамп претходно најави правни постапки пред Врховниот суд поради нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Ова ја отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во оваа држава, која носи 20 електорски гласови.

Share

AniWatch watch anime online: Attack on Titan Final Season (Dub) (https://aniwatch.pro/m/RO0K) Episode 13

4Anime bleach 4anime: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 2 (https://4anime.biz/m/ONqx/ep-2)

Scroll to Top