Унгарија прва во Европа го одобри лекот со антитела Бамланивимаб

пред 4 месеци

Унгарија стана првата европска земја што издаде дозвола за итна употреба на лек заснован на антитела, наречен „Бамланивимаб“, произведен од американската компанија „Илај Лили“, соопштија официјални лица.

Националниот институт за фармација претходно ја одобри употребата на „Бамланивимаб“ за третман на пациенти со лесен до умерен облик на Ковид-19, кои се изложени на ризик од развој на потешки форми на болеста, се вели во соопштението на Министерството.

Терапијата со антитела со „Бамланивимаб“ може да ја намали можноста од компликации од Ковид-19 и да им помогне на пациентите да избегнат хоспитализација, а со тоа да го намали притисокот врз здравствениот систем.

Пациентите ќе го примаат лекот во специјални болнички центри, а трошоците за лекување со тој лек ќе бидат целосно покриени од државата. Пациентите би можеле да имаат пристап до лекот во втората половина на јануари, а илјадници ампули ќе бидат доставени во земјата во првиот квартал од следната година.

„Бамланивимаб“ е првата терапија со моноклонални антитела одобрена во САД и Канада.

Share

AnimeTV boruto anime tv: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 8

AnimeHeaven anime in heaven: Hunter x Hunter Episode 148

Scroll to Top