Фаучи му одговори на Трамп: Бројките за починати од Ковид-19 во САД се точни, а болниците се преполни

пред 9 месеци

Двајца највисоки американски здравствени службеници го оспорија тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека федералните податоци за случаи со Ковид-19 и смртни случаи во САД се претерано високи. Трамп на Твитер напиша дека бројките за починати од коронавирусот во земјата се „лажни вести“.

– Смртните случаи се вистински смртни случаи, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, додавајќи дека податоците дека болниците се пренатрупани и здравствените работници се под стрес „не се лажни“.

Фаучи и шефот на американската здравствена служба Џером Адамс ја бранеа точноста на податоците за коронавирусот објавени од Американскиот центар за контрола и превенција на болести откако Трамп ги нападна методите на табеларно прикажување на таа агенција.

Повеќе од 20 милиони луѓе биле заразени во САД, а речиси 347.000 починале – или еден од 950 жители – откако вирусот се појави во Кина кон крајот на 2019 година, според ЦДЦ

– Од аспект на јавното здравство, немам причина да се сомневам во тие бројки и мислам дека луѓето треба да бидат многу свесни дека не се само смртни случаи, рече Адамс.

Фаучи и Адамс изразија оптимизам дека темпото на вакцинација на Американците против вирусот се забрзува по бавниот почеток. Повеќе од 4,2 милиони луѓе се вакцинирани со една од двете вакцини од 14 декември, далеку помалку од целта на администрацијата на Трамп за 20 милиони до крајот на 2020 година.

Share

Haruka Nogizaka's Secret: Finale (https://animeheaven.pro/m/Ovq) Episode 4

AniWatch: Yume anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch me

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animetv.cc: Watch Triangle Heart: Sweet Songs Forever animetv Episode 4 anime sites

Community aodyo: https://community.aodyo.com/user/animefreakws

Methodspace: https://www.methodspace.com/members/gogoanimebe/profile/

Scroll to Top