(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле

(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле

пред 10 месеци

Тим од 20 нуркачи волонтери го чистеа брегот кај Солун и извлекоа неочекуван „улов“ од водата: цела флота возила, наведуваат на страницата Никана.гр.

„Дваесет нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и механизација, го чистеа брегот кај Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. Како што можете да видите на сликите, „фатен е“ цел арсенал на превозни средства“, скутери, велосипеди, па дури и помали мотори. Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, беше наведено заедно со фотографии од местото на настанот.

Многумина беа шокирани, на луѓето не им е јасно како и зошто сето ова се нашло на морското дно, а објавата брзо стана вирална како предупредување за околината.

Текстот (Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top