Французинот кој го „заплеска“ Макрон експресно осуден на четири месеци затвор

пред 2 недели

Француски суд денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со предумисла.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица, извикувајќи ја фразата „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, по што интервенираше обезбедувањето.

Полицијата по инцидентот го уапси Тарел, за кого истражувачите велат дека претходно не бил апсен, а приведен е и неговиот пријател, кој го снимил инцидентот.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

Share

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Welcome to the N.H.K. Episode 24

Watch anime online for free at ANIMEFLIX animeflix given movie. Highschool of the Dead: Drifters of the Dead Episode Full

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Samurai Pizza Cats (Dub) Episode 52

KissAnime Telegra: https://telegra.ph/KissAnime-Watch-Anime-Online-06-09

Scroll to Top