Хоти: Ако не постигнат договор, Косово и Србија ќе останат соседи кои не се признаваат меѓу себе

пред 7 месеци

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово и Србија, доколку не успеат да постигнат договор за решавање на меѓусебните спорови, ќе продолжат да функционираат „како две соседни држави кои не се признаваат меѓу себе“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција со еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Верхеји, Хоти изјави дека Косово сепак останува посветено на преговорите со Србија и на постигнувањето конечен договор за нормализирање на односите.

– Постигнавме договор за економска нормализација, што е голем чекор кон конечниот договор. Влезени сме во процес на дијалогот за потигнување на мировен договор, а целосната нормализација ќе се постигне единствено со меѓусебно признавање на двете држави. Доколку не постигнеме конечен договор немаме што да правиме, ќе продолжиме како две соседни држави кои не се признаваат меѓу себе, изјави Хоти.

Тој нагласи дека еврокомесарот Верхеји го претставил планот на Европската Унија за економско закрепнување, кој го оцени како „фанастична вест“ за Западен Балкан и за Косово.

– Комесарот донесе во Приштина една фантастична вест, многу голема вест за Западен Балкан и за Косово. Тоа е веста за планот за инвестиции и економско закрепнување за Западен Балкан, со вкупна вредност од 28 милијарди евра, од кои девет милијарди се грантови наменети за земјите од Западен Балкан, изјави Хоти.

Верхеји нагласи дека намерата му е да донесе „нова економска реалност во регионот“.

– Говорам за економската реалност на бизнисите, на граѓаните и мислам дека планот за економски инвестиции може да донесе до промена на „правилата на игра“ во регионот и да го смени тукашниот економски пејсаж. Како што нагласи премиерот, ние ќе поделиме девет милијарди евра во грантови и во координација со институциите ќе создадеме уште додатни 20 милијарди. Очекуваме овој план да ја зголеми европската економија за пет отсто, што е значителен придонес за економското закрепнување, изјави Верхеји.

Share

4Anime heroes rising 4anime: Watch Dr. Stone Episode 14 (https://4anime.biz/m/Jovb/ep-14)

AniWatch anime: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291

Scroll to Top