Хоти: Косово ќе набави два милиони вакцини, првите пристигнуваат во феврури

пред 4 месеци

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово досега постигнало договори за набавка на речиси два милиони вакцини против Ковид-19 и дека првите количини ќе пристигнат во месец февруари.

На денешната прес-конференција Хоти информира дека 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и уште 720 илјади со програмата Ковакс.

Здравствениот персонал и лицата над 65-годишна возраст ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат, а се планира дневно да се имунизираат по околу 20 илјади граѓани.

– Направена е голема работа за изготвување стратегија за имунизација, при што се дефинирани приоритетите на вакцинирањето, кое ќе се врши според тоа како ќе ни пристигнуваат количините на вакцини… Стратегијата ги предвидува во детали дејствијата на здравствените институции за да се создадат потребните капацитети за вакцинирање, изјави Хоти.

Share

AnimeFreak anime sites: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) (https://animefreak.ws/m/OgXK) Episode Preview

KissAnime detective conan kissanime: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 2

Scroll to Top