Црн рекорд во Турција – 240 починати од Ковид-19 и скоро 30.000 новозаразени во еден ден

пред 6 месеци

Турција денеска го регистрира досега најцрниот ден од почетокот на пандемијата, откако во претходните 24 часа од заразната болест умреа 240 лица, а досега инфекцијата заврши фатално за вкупно 17.121 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во Турција денеска има 29.718 новозаразени лица, во кои се вклучени и асимптоматските случаи. До 25 ноември во оваа земја се даваа само бројките на симптоматски случаи, но оттогаш во борењето се вклучија и асимптоматските случаи и во јавноста почна да се излегува со обединет извештај, јавуваат британските медиуми.

Досега во оваа земја со коронавирусот се заразени 1.928 милиони лица, соопшти Министерството за здравство.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неделава објави дека земјата поради критичниот развој на епидемијата, за време од новогодишната ноќ во 21:00 часот ќе биде комплетно затворена и под полициски час се до 4 јануари во 4 часот наутро.

Share

4Anime persona 4 animation crunchyroll: Watch High School DxD Episode 12 (https://4anime.biz/m/p6a/ep-12)

AniWatch anime sites: Watch Naruto (Dub) Episode 137 (https://aniwatch.pro/m/7rv/ep-137)

Scroll to Top