Шведска ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“

пред 6 месеци

Шведска и Кипар објавија дека привремено ја запираат вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“, додека експертите предупредуваат дека одлуката може да биде „катастрофа“.

„Шведската агенција за јавно здравје одлучи да ја суспендира вакцината на „АстраЗенека“ сè додека Европската агенција за лекови (ЕМА) не ги испита сомнителните несакани ефекти“, се вели во соопштението на здравствената агенција.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел за шведскиот ТВ4 изјави дека сега се појавиле некои нови несакани ефекти.

„Некои луѓе добија згрутчувања во различни делови од телото, додека некои пријавија мало крварење на кожата. Ова е прилично сериозно нарушување”, рече Тегнел.

Шведската агенција за лекови вчера соопшти дека меѓу луѓето вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“, во 10 случаи е пријавено дека луѓето имаат згрутчување на крвта, и во еден случај дека едно лице има низок број на тромбоцити, но не во комбинација.

Данска и Норвешка пријавија изолирани случаи на крварење, згрутчување на крвта и мал број на тромбоцити по вакцинирањето со вакцината.

Германија, Франција и Италија во понеделникот соопштија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Астразенека“, откако неколку земји пријавија сериозни несакани ефекти, а Светската здравствена организација соопшти дека нема докази за поврзаност.

Share

Cardfight!! Vanguard G Z (https://gogoanime.be/m/BYVE) Episode 24

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at 4Anime persona 4 animation reddit

AniWatch: Senki Zesshou Symphogear AXZ anime episode 13 online free at https://aniwatch.pro dubbed anime

Bonanza: https://www.bonanza.com/users/49502049/profile

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/gogoanimelol

Scroll to Top