Ѓилас: Западна Европа и Америка го поддржуваат Вучиќ во воведувањето на неофашистички систем

пред 3 месеци

Претседателот на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, изјави дека Западна Европа и Америка веќе девет години директно го поддржуваат Александар Вучиќ во проектот за воведување на неофашистички систем во Србија, што подразбира целосна криминализација на општеството.

Ѓилас за Данас изјави дека тој систем вклучува и најголем грабеж и корупција во Европа, укинување на владеењето на правото и институциите, уништување на секој човек кој јавно покажува што мисли, согласноста Србија да влезе во должничко ропство кон Кина.

-Последен пример за тоа е поканата на Макрон до Вучиќ да испие уште еден коњак со пијано. За Вучиќ, коњакот е бесплатен, Србија тоа ја чини милијарди евра. На Макрон тоа не му чини ништо освен газење на она на што Франција настанала и поради што секому во светот срцето побргу му работи кога ќе ја чуе Марсељеза, кажа Ѓилас.

Но, како што додаде Ѓилас, „ова е веќе проблем на Французите, а не на нас Србите“.

-Нашиот проблем е режимот на Александар Вучиќ, и тој проблем ќе го решиме сами, како и секогаш во нашата историја, изјави Ѓилас.

Тој посочи дека секоја посета на Вучиќ кај францускиот претседател Емануел Макрон, секој Скајп разговор со германската канцеларка Ангела Меркел или сликањето со поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја чини Србија стотици милиони или милијарди евра.

-На Французите ќе им дадеме 1,2 милијарди евра наместо 170 за согорувачницата или половина милијарда за возовите и метро опремата, на Германците ќе им направиме услуга целата мрежа за пренос на струјата без никаков надомест да ја пренесат на Косово и Албанија. За Трамп и Гренел нема потреба ни да говориме, кажа Ѓилас за весникот Данас.

Share

AnimeFreak one piece animefreak: Watch Horimiya Episode 4

AniWatch aniwatch: Watch One Punch Man Episode 10 (https://aniwatch.pro/m/4va/ep-10)

Scroll to Top