Јапонија загрижена поради заострените контроли на извозот на вакцини во ЕУ

пред 5 месеци

Јапонија изрази загриженост откако ЕУ неодамна ја заостри контролата на извозот на вакцините против Ковид-19, кои се произведуваат во рамки на Унијата, а министерот за административни реформи Таро Коно истакна дека таквиот потег би можел да влијае врз планот за вакцинација во земјата.

Тој на прес-конференција изјави дека испораката на вакцини во Јапонија не може да биде потврдена поради контролата на извозот.

Според него, испораката на вакцини, произведени во земјите од ЕУ, е значително помала од првичниот план, а Владата во Јапонија сака да побара брза испорака на вакцините кои се веќе договорени.

Јапонија се надева дека ќе почне со вакцинација кон крајот на овој месец, а приоритет ќе имаат здравствените работници.

Земјата ја порача вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек, чиј извоз е строго контролиран од петокот и ќе продолжи и во текот на следниот месец.

Share

AniWatch aniwatch.me: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://aniwatch.pro/m/YN8) Episode 25

AnimeTV chia anime tv me: How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://animetv.cc/m/WLZk) Episode 2

Scroll to Top