Јошихиде Суга избран за нов премиер на Јапонија

пред 2 дена

Јапонскиот парламент избра нов премиер, по повлекувањето на Шинзо Абе поради здравствени проблеми. Нов јапонски премиер ќе биде Јошихиде Суга, долгогодишен соработник и помошник на Абе. Суга (71), досегашен главен секретар во владата на Шинзо Абе, победи на изборите за претседател на владејачката Либерално-демократска партија во понеделникот, отворајќи го патот за негово назначување за нов јапонски премиер. Суга треба да ги претстави членовите на новиот кабинет во текот на денот, пренесува АП. #BREAKING Japan parliament elects Yoshihide Suga new prime minister pic.twitter.com/uVctbvT3rv — AFP news agency (@AFP) September 16, 2020 #UPDATES Japan’s parliament elects Yoshihide Suga prime minister, with the former chief cabinet secretary expected to stick closely to policies championed by Shinzo Abe during his record-breaking tenure https://t.co/BsfvhxSd6V pic.twitter.com/YXORmDXKA9 — AFP news agency (@AFP) September 16, 2020 Со парламентарните избори, Суга стана првиот нов лидер во Јапонија по скоро осум години, кој, според Ројтерс, ќе се соочи со многу предизвици, вклучително и заживување на економијата загрозена од кризата со Ковид-19. Суга го истакна своето потекло како син на земјоделец, кој со својата работа ја достигна позицијата политичар, а исто така вети дека ќе им служи на интересите на обичните луѓе и руралните заедници. Тој рече дека ќе продолжи да ја води „незавршената политика“ на Абе и дека неговите приоритети ќе бидат борбата против коронавирусот и подобрувањето на економската состојба по пандемијата на коронавирусот. Абе, кој поднесе оставка поради лошата здравствена состојба, пред официјалното менување на шефот на владата рече дека тој, како пратеник, ќе го поддржи кабинетот на Суга и му се заблагодари на народот за разбирањето и силната поддршка за новото раководство. извор: Makfax

Share
Scroll to Top