„Џонсон и Џонсон“ го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 поради несакани ефекти врз пациент

пред 3 месеци

Американската компанија Џонсон и Џонсон привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против новиот коронавиру поради необјаснета болест на учесник во студијата, објави компанијата. Болеста на учесник на тестот, ја испитува независен одбор за набудување на податоците и безбедноста. Во соопштението се посочува дека таквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе. Тоа е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители ширум светот, откако АстраЗенека ја паузираше доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, што се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така, поради болест на учесник во студијата. Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија продолжија, но се уште се во пауза во САД. Џонсон и Џонсон минатиот месец објавија дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето, по што започна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или почетокот на следната. Текстот „Џонсон и Џонсон“ го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 поради несакани ефекти врз пациент е превземен од А1он .

Share

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 25 at AnimeHeaven boruto anime heaven

Watch King's Raid: Ishi wo Tsugumono-tachi Episode 16 (https://animeflix.nl/m/77p0/ep-16) at website https://animeflix.nl. See more animeflix banana fish

Scroll to Top