Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денес локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил за време на посетите на местата на светското наследство на УНЕСКО, објави порталот „Ден Три“.
Граничните полицајци спасија 12 лица и пронајдоа 18 тела“, објавува порталот „ВНекспрес“.
Покраинските власти објавија дека ги пронашле телата на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, како и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.
Текстот 18 загинати и 40 исчезнати откако туристички брод се преврте во Виетнам е превземен од МАКФАКС.