Tихановскаја од Литванија: Лукашенко да си оди или ќе ги повикам Белорусите на штрајкови и протести

пред 6 месеци

Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја денеска најави дека ќе повика на масовни штрајкови и протести низ Белорусија, доколку претседателот Александар Лукашенко не поднесе оставка, не го спречи насилството и не ги ослободи политичките затвореници до 25 октомври.

– Доколку нашите барања не се исполнат до 25 октомври, тогаш целата земја ќе биде на улица, нагласи Тихановскаја во соопштението од Вилнус, каде пребега непосредно по изборите кои се одржаа на 9 август.

Како што најави опозиционерката, на 26 октомври сите компании ќе започнат штрајк, сите патишта ќе бидат блокирани и сите државни продавници ќе бидат затворени.

Тихановскаја еден ден по одржаните претседателски избори, на кои како противкандидат на Лукашенко освои околу 10 отсто од гласовите, избега во Литванија, од каде често и се обраќа на јавноста.

Share
Scroll to Top