САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк

САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк

пред 2 часа

Бруталниот случај на убиството на Чарли Кирк го доведе американското општество на „опасна крстосница“, оценува дописничката на Би-би-си, која предупредува дека подлабокото политичко расцепкување и порастот на насилството тешко ќе се надминат.

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, повика на затоплување на тонот и помирување, но многумина соговорници на Би-Би-Си сметаат дека тоа е малку веројатно во блиска иднина.

Анализата посочува дека современиот политички систем и економските и медиумските стимули наградуваат екстремни реторики кои го подгреваат бесот, додека социјалните мрежи дополнително ги радикализираат пораките и го убрзуваат расцепот. Историски примери од претходни децении покажуваат дека САД и порано минувале низ периоди на политичко насилство, но отсуството на „заеднички наратив“ денес го прави помирувањето потешко.

Реакциите по убиството беа поделени: додека некои бараат истрага за радикализацијата на напаѓачот онлајн, други тргнуваат кон теории на заговор и обвинувања. Доналд Трамп ја искористи ситуацијата за критики кон „радикалната левица“, што според анализата само ја продлабочува поларизацијата. Авторите на текстот заклучуваат дека за да се прекине циклусот би бил потребен силен лидер посветен на помирување — но таков лидер дури и не се назира, додека политичките поттикнувачи остануваат непроменети.

Текстот САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top