Оскарите воведуваат нови правила за драјв-ин проекциите

пред 4 месеци

Американската Академија за филмски уметности и науки ги ажурираше своите правила за „Оскарите“ за да им овозможи на филмовите кои биле прикажани во драјв-ин кина да се квалификуваат во категоријата најдобар филм и други општи категории.

Новите правила исто така наведуваат дека седумдневно прикажување во киносала ќе го исполнува критериумот за подобност.

Ова доаѓа по нивната одлука во април да дозволат филмови без традиционалните кинематографски изданија, сè додека тие се аплодирани или пренесени во киносалата на Академијата.

Церемонијата на доделување „Оскари“ е одложена до 25 април 2021 година поради Ковид-19.

Крајниот рок за пријавување филмови сега е 28 февруари, пишува „Варајети“ цитирајќи соопштение на организаторите.

Share

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12 at GoGoAnime go go anime

Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 10 (https://funimationfree.com/m/loxz/ep-10) at Funimation funimation chromecast

Scroll to Top