Пост Малоун се закити со девет „Билборд“ награди

пред 3 месеци

Раперот Пост Малоун е големиот победник на музичките награди „Билборд“ во 2020 година (Billboard Music Awards). Toj си замина со вкупно девет награди, меѓу кои и онаа за најдобар уметник.

Осум негови трофеи беа доставени во количка од водителката Кели Кларксон, која ја турна кон него „во Ковид стил“.

„Не можам да те допрам, па морам да ти ги донесам на тркала“, се пошегува пејачката.

Остин Ричард Пост алијас Пост Малоун ги собра и трофеите за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач и други.

„Почестен сум од вашата љубов тука вечерва,“ рече тој прифаќајќи ја главната награда.

Тричасовната церемонија, која првично беше закажана за април, се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Многу изведувачи настапија лично, но немаше публика во живо.

Поради доцнењето, шоуто воглавно славеше хитови од минатата година, со тоа што Лил Нас Икс однесе четири награди за неговиот хит сингл Old Town Road.

Share

Death Note (Dub) (https://animeflix.nl/m/9N8z) Episode 37 at website https://animeflix.nl black butler animeflix

Watch My Hero Academia Episode 11 at website https://animeheaven.pro animeheaven bna

Scroll to Top