Римејк на ТВ-драмата за серискиот убиец Декстер

пред 3 месеци

Декстер, еден од најпознати сериски убијци на малиот екран, се враќа.

Кабелската мрежа „Шоутајм“ во средата соопшти дека дала зелено светло за оживување на „Декстер“ во 10 епизоди, а sвездата Мајкл Хол повторно го глуми форензичарот Декстер Морган, кој работи во полиција во Мајами но исто така е и сериски убиец.

„Ќе се навратиме на овој уникатен лик кој заслужува брилијантна, оригинална серија. Па, среќен сум што ве информирам дека извршниот продуцент Клајд Филипс и Мајкл Хол се вклучуваат во проектот “, рече во изјавата Гери Левин од „Шоутајм“.

Популарната и контроверзна ТВ-драма серија „Декстер“ се прикажуваше осум сезони на „Шоутајм“ каналот до 2013 година, заработи повеќе награди и го зацврсти трендот на морално двосмислени антихерои на американската телевизија, вклучувајќи го меѓу нив и конфликтниот шеф на мафијата Тони Сопрано (Sopranos) и харизматичниот Дон Дрејпер (Mad Men).

Share

Watch My Hero Academia 2 Episode 16 at website https://animefreak.ws. See more animefreak latest

Rent-a-Girlfriend Episode 12 at website https://animeplanet.cc anime planet recommendations

Scroll to Top