Бред Пит оптимист дека ќе може да ги врати децата

пред 4 години

По четири долги години борба со Анџелина Џоли за еднакво старателство над нивните деца, Бред Пит почна да вкусува победа, пишува австралискиот магазин „Њу ајдиа“.

Судскиот процес за старателство на поранешната холивудска двојка ја завршува втората недела, а аноминен извор изјави за весникот: „Мислењето на правниот тим на Бред е дека ќе треба многу за судот во Калифорнија да раздели татко, кој очигледно работеше толку многу на себе за љубов на неговите деца, особено близнаците “.

Имајќи го тоа предвид, австралискиот магазин открива дека 56-годишниот актер и неговиот правен советник се прилично убедени дека ќе му биде доделено заедничко старателство над 12-годишните Вивиен и Нокс, а можеби и 14-годишната Шајла.

 

Истиот извор вели дека Пакс (16) и Захара (15) сега се на возраст кога судијата може да им даде избор со кој родител сакаат да живеат – и веројатно би ја одбрале својата мајка.

На 19 години, Медокс, кој секогаш бил на страната на Анџелина (45) во текот на разводот, легално се смета за возрасен и затоа не е дел од случајот.

„Бред едноставно мора да се надева дека направи доволно за да ги освои во изминатите четири години. Медокс е изгубена кауза во овој момент и Бред мора да се помири со тоа. Но, како што трае судскиот спор, Бред останува оптимист.“

Во меѓувреме, Џоли, наводно, сè уште бара целосно старателство за да може таа и децата конечно да се преселат од Лос Анџелес во Европа. Таа именуваше седум сведоци за судењето, вклучувајќи ја и експертката за семејно насилство Алис Лавајолет.

Бред има вкупно 21 сведок. Меѓу нив е и Џилијан Арменанте, која вo 1999 година глумеше заедно со Џоли во филмот Girl, Interrupted.

Share
Scroll to Top