(Видео) Доналд Трамп: Само Исус е попопуларен од мене

пред 4 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на својот говор во предизборната кампања ги изненади фановите, откако изјави дека само Исус Христос е повеќе популарен од него.

Предизборните собири во САД, се во полн ек. Кандидатите ги посетуваат државите, за да им ги прнесат на граѓаните своите планови и ветувања.

Трамп успева да предизвика голема бура со секој свој потег и изјава, пренесуваат тамошните медиуми. Тој синоќа за време на својот говор во Северна Каролина изјави дека е најпопуларната личност во целиот свет.

„Ми вели еден господин дека сум најпопуларен во светот. Јас му велам дека не сум. Тој пак ме убедува дека сум, а на крај ме праша, ако не сум кој тогаш може да биде попопурален од мене. Му одговорив дека тоа е Исус Христос“, се пошегува Трамп пред собраната публика.

Собраната маса ја прифати шегата и многу од нив во тој момент погледнаа кон небото и викнаа „Не ти е ни блиску“. На собирите во претходните денови се говореше на големо за тоа како Трамп го победи коронавирусот. Трамп изјави дека и неговиот син бил исто така позитивен и дека за две секунди и тој успеал да оздрави.

Share
Scroll to Top