Домашен сок на Селма Хајек за чиста и негувана кожа

пред 3 години

Холивудските ѕвезди секогаш изгледаат совршено – витки, убави и немаат ниту една брчка на лицето. Барем ние така мислиме.

Но, зад младешкиот изглед често се крие доста труд и една или две тајни. На пример, актерката Селма Хајек (54) секогаш одушевува со својот блескав изглед. Таа е позната по својата блескава кожа без брчки. А сега на Инстаграм ја откри тајната за својот беспрекорен изглед: домашен сок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Ви го пренесуваме нејзиниот таен рецепт

Во своето најново видео на Инстаграм, актерката покажува како секое утро меша сок од четири едноставни состојки. Тоа не само што дава блескава и младешка кожа, туку му нуди низа други позитивни здравствени бенефити на телото.

Витамин Ц

Актерката користи свежи портокали како извор на витамин Ц. Тие освен што го поддржуваат имунолошкиот систем и системот за варење, имаат и противвоспалително влијание, но и се грижат секое утро да бидете добро расположени.

Куркума

Селма Хајек потоа додава свежа куркума во сокот од портокал која сама го цеди. Можете да ја изрендате или промешате со останатите состојки во блендер. Веќе на сите би требало да им е јасно дека оваа суперхрана е вистинска витаминска бомба. Делува антибактериски и ги сузбива воспаленијата во телото.

Црн бибер

Ултимативниот таен трик: за да телето може побрзо да впие куркумата, актерката става и малку црн бибер во сокот. Биберот го поттикнува метаболизмот и ја поддржува здравата исхрана.

Кучешки трн

Оваа билка е полна со витамин Ц (го има до 15 пати повеќе отколку во портокалот) и витамин Б12. Содржи доста калории, кои имаат регенеративно влијание врз кожата, косата и ноктите, па го поттикнуваат телото само да го произведува повеќе колаген. Ова овошје можете да го набавите во вид на масло и да капнете неколку капки во готовиот сок за разубавување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Share
Scroll to Top