Жена која го украла лаптопот на Ненси Пелоси од Капитол, сакала да го продаде на руски разузнавачи

пред 3 години

Федералното истражно биро во САД, повело истрага против Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија, жената која се сомничи дека го украла и се обидела да го продаде на руски разузнавачи, лаптопот на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Таа веќе е обвинета за незаконски упад во Капитол и за насочување на луѓе кон канцеларијата на Пелоси. Американските власти истражуваат дали за време на упадот во Конгресот на 6 јануари бил украден лаптоп или тврд диск од канцеларијата на спикерката на Претставничкиот дом.

Јавниот обвинител Мајкл Шервин изјавил дека по нападот некои од кражбите би можеле да ја загрозат националната безбедност. ФБИ соопшти дека Вилијамс била пријавена од маж кој се претставил како нејзин романтичен партнер.

 Тој додал дека Вилијамс се обидела да го продаде електронскиот уред на пријател во Русија, кој требало потоа да им го даде на руски разузнавачки сили.

„Тој потоа планирал да го продаде на руската разузнавачка служба СВР. Трансферот во Русија пропаднал од непознати причини и Вилијамс сѐ уште го поседува уредот или го уништила“, се вели во пријавата против Вилијамс.

Share
Scroll to Top