Како Трамп и неговите соработници се заразија со корона, Белата куќа прекршила четири клучни правила

пред 4 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Како американскиот претседател Доналд Трамп и повеќето луѓе од неговата администрација се заразија со коронавирус, е прашање на кое целиот свет го бара одговорот во изминатите неколку дена.

Новата анализа на „Би-би-си“, покажува дека Белата куќа прекршила четири клучни правила на сузбивање на ширењето на вирусот. „Би-би-си“, ги следел мерките и препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болетите и начинот на кој Белата куќа ги следела.

Едно од основните правила во кој веќе половина година турби светската јавност, е носењето на заштитни маски, особено во јавност, односно кога сте во близина на други луѓе. Ова е првото правило кое луѓето во Белата куќа не го почитувале.

Трапм е критикуван во повеќе наврати поради непочитувањето на правилата за носење на маска, а на една од последните свечености во Белата куќа речиси никој од присутните не носел маска. Набрзо откако бил пуштен од болница, каде се лечел од Ковид 19, Трамп повторно се најде на мета на критики од јавноста, затоа што ја симнал маската кога влегол во Белата куќа, иако повеќето експерти тврдат дека тој и понатаму може да ја пренесе заразата.

Од CDC велат дека организаторите на настанот морале да овозможат присутните да држат растојание од два метри и дека обврзувачките одржувања на настани требало да бидат организирани на отворен простор.

Белата куќа го прекршила и ова правило со организирање на неодамнешната свеченост на именување на судијата на Врховниот суд во САД, Емји Конеј Берет. Овој настан се смета за жариште на ширењето на вирусот во администрацијата на Трамп, со оглед на тоа дека повеќето од присутните не држеле растојание и не носеле маска, а на настанот имало повеќе од 50 луѓе.

Не само што Белата куќа организирала масовни собирања на отворен простор, туку гостите и членовите на администрацијата на Трамп, па и самиот претседател се собрале внатре во службените резиденции. Фотографиите кои кружат на интернет, покажуваат дека никој внатре во Белата куќа не ги почитувал правилата за дистанцирање и носење на маска.

Доколку сте позитивни на коронавирусот, препорака на CDC и епидемиолозите ширум светот е да се самоизолирате и да се одвоите од другите луѓе. Сепак, ниту тоа правило не важело за Трамп. Додека тој бил на лекување во болницата, претседателот ја напуштил својата соба за да се раздвижи. Во тој момент, Трамп ги стаивл во ризик десетина лица од заболување од Ковид 19.

CDC предупредува дка луѓето кои се заразени мораат да ги информираат сите оние со кои биле во близок контакт за да на време го спречат ширењето на заразата.

Не е сосема јасно колку блиску биле Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден, за врме на предизборната дебата, но тимот на демократскиот кандидат, како ни тој лично, не биле информирани за дијагнозата на Трамп.

Никој од Белата куќа исто така не ги известил со кои лица биле во контакт, заразените членови на администрацијата на Трамп.

 

 

 

Share
Scroll to Top