Канjе Вест се откажа од трката за Белата куќа, но спремен е за следните избори

пред 3 години

Во вторникот вечерта, пејачот и моден дизајнер се огласи на социјалните мрежи за да признае дека за него претседателската трка е завршена, но навести политичка  амбиција за следните избори..

Канје Вест Тој објави своја фотографија пред изборна мапа на која пишува Welp Kanye 2024.

Раперот го заокружи своето име на гласачкото ливче доцна синоќа. „Гласав првпат во мојот живот за претседател на САД. Гласав за некој на кој навистина му верувам … мене,“ напиша тој на Твитер.

Вест, некогаш еден од најголемите селебрити-приврзаници на Доналд Трамп, ја започна својата кампања за Белата куќа во јули со хаотични изјави што предизвикаа загриженост за неговото ментално здравје.

Според документ поднесен до Федералната изборна комисија, Вест ѝ позајмил 6,7 милиони долари на својата кампања, а во неодамнешно видео тој ги истакна религијата и семејните вредности.

Share
Scroll to Top