Околу 80% од Американците сметаат дека Бајден е новиот претседател на САД

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Речиси 80% од Американците, вклучувајќи и повеќе од 50% од републиканците, го препознаваат демократскиот кандидат Џозеф Бајден, како победник на претседателските избори во САД.

Ова го покажуваат резултатите од испитувањата на јавното мислење, кое го спровеле агенциите „Ројтерс“ и „Ипсос“.

Во анкетата, која е спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7% од Американците, со право на глас, веруваат дека Бајден извојувал победа и влез во Белата куќа.

Околу 13′ од испитаниците, сметаат дека претседателските избори сè уште не се одлучени. Три проценти велат дека победил Трамп, додека пет проценти од испитанциите, изјавиле дека не знаат, наведува „Ројтерс“.

Кога станува збор за политичките партии, од испитаните 10 републиканци, околу шест од нив, изјавиле дека Бајден победил, додека речиси секој демократ кој учествувал во анкетата, изјавил дека победил демократскиот кандидат.

Околу 72% од испитаниците, изјавиле дека поразените на изборите треба го признаат поразот, а 60% од анкетираните веруваат дека ќе дојде до мирна транзиција на власта по итекот на мандатот на Трамп во јануари.

Во анкетата која е спроведена на англиски јазик ширум САД, испитани се 1363 полнолетни Американци. Додека претседателската трка меѓу Бајден и републиканскиот актуелен претседател Доналд Трамп и понатаму е неодлучна во три сојузни држави, Бадеј, на кого му се потребни 70 електронски гласови за победа, според последните резултати, кои во вторникот попладне ги објави Edison research, освоил 279 електронски гласови, а Трамп 214, пренесува „Ројтерс“.

 

Share
Scroll to Top