Охридските нуркачи првпат по 18 години не ја накитија елката под вода

пред 3 години

 Коронавирусот ја прекина 18 годишната традиција на новогодишно китење на елка во водите на Охридското Езеро. Клубот за подводни активности – Охрид и Нуркачкиот клуб „Амфора” со малку зменета агенда посакаа среќна Нова 2021 година.

Поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца, тие нуркаа на три различни локации кај Заливот на Коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на тој начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година.

Честитката ја упатија посебно и на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите.

Share
Scroll to Top