Почина актерката Тања Робертс

пред 3 години

Бонд девојката и ѕвездата од „Чарлиевите ангели“, Тања Робертс, почина на 65-годишна возраст.

Актерката, која е позната по тоа што се појави наспроти Роџер Мур во „Поглед на убиство“ (A View To Kill) од 1985 година, колабирала во саботата во својот дом во Холивуд Хилс, Лос Анџелес, според нејзиниот пријател Мајк Пингел.

Робертс ги изнела своите кучиња на прошетка на Бадник, а по враќањето дома се онесвестила, објави порталот „ТМЗ“, додавајќи дека била итно пренесена во болница и ставена на вентилатор, но сосотојбата не ѝ се подобрила.

Пред нејзиниот колапс, извори за „ТМЗ“ изјавија дека Робертс изгледала совршено здрава и учествувала во видео разговори со нејзините фанови. Пингел е дециден дека нејзината смрт не е поврзана со Ковид-19.

Причината за смртта сѐ уште не е соопштена.

Покрај тоа што беше Бонд девојка, Робертс глумеше во петтата и последна сезона на „Чарлиевите ангели“ помеѓу 1980 и 1981 година.

Share
Scroll to Top