Почина Пјер Карден, човекот кој засекогаш ја измени модата

пред 3 години

Францускиот моден дизајнер Пјер Карден почина на 98-годишна возраст во болница во близина на Париз, објави неговото семејство.

Карден е роден во Италија и емигрирал во Франција во 1922 година. Тој основал своја сопствена модна куќа во 1950-тите и ја градел својата деловна империја во следните децении.

Карден беше познат по авангардните „вселенски“ парчиња облека, инспирирани од геометријата и разните мотиви.

Тој направи револуција во унисекс модата, честопати целосно занемарувајќи го обликот на женското тело што беше „водич“ за другите дизајнери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pierre Cardin (@pierrecardinofficiel)

Во 1954 година му подари на светот „балон-фустан“ кој стана класика.

Тој е фален за неговите визионерски креации, но и за приближувањето на високата мода до масите.

Share
Scroll to Top