Пропаднаа надежите за заживување на киносалите, новиот Бонд одложен за 2021

пред 4 години

Дури и 007 не може да спаси тажна година за Холивуд.

Новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, е уште еден во низата блокбастери чие прикажување е одложено за следната година, додека филмската индустрија се бори да се врати назад во бизнис среде пандемија на Ковид-19.

Со одлагањето на Бонд, единствениот хит кој сè уште остнува на распоредот за 2020 година е Wonder Woman 1984, и треба да дебитира во декември на Божиќ. Другите високобуџетни филмови, вклучувајќи го „Црната вдовица“ на Марвел и продолжението на „Топ Ган“, исто така се одложени за следната година.

Премиерата на новиот во серијалот филмови за славниот таен агент 007 „Не е време за умирање“  во кој Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра агентот 007, е закажана за 2 април 2021 година.

Одлуката за одложување на филмот се должи на коронакризата и зголемениот број на случаи во Њујорк и Лос Анџелес, како и во Европа.

Share
Scroll to Top