Сноуден, Асанж и Менинг номинирани за Нобелова награда за мир

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Ирката активистка и добитничка за Нобелова награда за мир во 1976 година, Мејрид Корган Мегвајер, ги номинираше основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж и свиркачите Едвард Сноуден и Челзи Менинг, за Нобеловата награда за мир 2021 година, пренесува „Ајриш тајмс“.

„Секој од нив многупати во својата работа, покажа храброст. Откривајќи незаконски работи на властите, кои предизвикаа милиони смртни случаи, тие ја ставија својата слоба и животи на коцка. Нивното саможртвување и несебичност претставуваат извонредна демонстрација на величественост на човечкиот дух“, истакнала коосновачката на организацијата Peace People, во писмото кое го испратила до Комитетот за доделување на Нобеловата награда.

На Џулијан Асанж, во моментов му се заканува казна затвор во висина од 175 години, ако биде осуден по сите 18. точки во обвинението кое се води против него. На Сноуден му се закануваат десет години затвор, поради откривањето на детали за американското масовно набљудување.

Челзи Менинг, е таа која ги откри американските воени злосторства во Ирак и Авганистан и е осудена на 35. години затвор во 2013 година, но е ослободена во 2017. година, кога американскиот претседател Барак Обама ја преименува казната.

Менинг повторно беше затворена во март 2019 година, по одбивањето да сведочи за врските со Асанж, но пак беше и ослободена во март минатата година, со казна од 256.000 долари.

Share
Scroll to Top