Манекенката Вини Харлоу која боледува од витилиго, позираше гола за американското списание „Воменс хелт“.
Славната канадска манекенка позира целосно гола, со само пар бели патики. Модниот едиторијал е дел од главните теми на интервјуто, соочувањето со одбивањата во индустријата и за тоа како таа успеала да се пробие до врвот и покрај бројните осудувања.
„Прекрасно е што можам да помогнам во поттикнување на самодовербата кај луѓето, без оглед на која општествена класа припаѓаат“, изјавила Вини.
„Како прва светски позната манекенка со витилиго, таа не е само воин на првата борбена линија за инклузија на убавината, туку и херој за многу жени и девојки кои некогаш се чувствувале неудобно во сопствената кожа“, стои во објавата на „Воменс хелт“ на Инстаграм.
Канадската манекенка чие вистинско име е Шантел Витни Браун-Јанг, поради изгледот на кожата се прослави во модниот свет, кога во 2016 година прошета на модната писта на „Викторијас сикрет фешн шоу“ како прва манекенка со витилиго.