Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

пред 2 месеци

Глумицата Скарлет Јохансон поднесе тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес против „Дизни“ за прекршување на договорот, откако компанијата го прикажа филмот „Црна вдовица“ на својата стрим-платформа „Дизни плус“ скоро во истовреме кога започна тој да се прикажува во кината, пренесуваат светските медиуми.

Во тужбата се наведува дека Јохансон се договорила со компанијата дека нејзиниот хонорар во голема мера ќе зависи од приходите што ги има филмот. Таа изјави дека компанијата „Марвел“, во сопственост на Дизни, ветила дека долгоочекуваниот суперхеројски филм ќе има кинопремиера, па ќе следи временска рамка пред тој да се емитува на стрим-платформата.

„Црна вдовица“ е своевидна „Марвелова“ верзија на филмовите за Џејсон Борн. Заработи 218 милиони долари во првиот свој викенд овој месец.

Според „Дизни“, нема причини за тужба, којашто ја оцени како „особено тажна и вознемирувачка поради негрижното занемарување на страшните и долготрајни ефекти на пандемијата на светско ниво“. Во соопштението се посочува и дека „Дизни“ целосно го почитува договорот со Скарлет Јохансон и оти „згора на тоа, објавувањето на ’Црна вдовица‘ на платформата ’Дизни плус‘ значително ќе ги подобри можностите глумицата да заработи дополнителен надомест, по 20-те милиони долари што таа ги доби досега”.

Share

Website https://animetv.cc: Watch Zetsuai 1989 animetv Episode Full animetv boruto

Watch Haré+Guu Deluxe Episode 6

Website https://wcostream.cc: Watch Choushin Hime Dangaizer 3 (Dub) wcostream Episode 4 wcostream cartoons

Rebirth (https://animefreak.ws/m/b5d5) Episode 49

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/kissanime-510883

Gogoanimelol wordpress: https://gogoanimelol.wordpress.com/

Scroll to Top