Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина денеска на возраст од 82 години, по долга борба со болеста. Смртта ја потврди неговиот агент Џо Фрага.
Едсон Арантес до Насименто – Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, голема икона, а последните години се бореше со рак на дебелото црево. Од 2021 година се лекуваше, а последниот месец го помина во болница.
Освои рекордни три Светски првенства во фудбал во 1958, 1962, 1970 година, а учествуваше на четири, и стана една од најистакнатите спортски фигури на минатиот век. Во текот на кариерата играше за Сантош и Њујорк Космос. Рекордер е во Бразил по бројот на голови. Има дадено 77 голови во 92 натпревари.
Го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, кога Нејмар го стигна. Во 2000 година, ФИФА го прогласи со Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.