(Видео) Македонскиот тенор Благој Нацоски направи журка среде Скопје со Дац и Александар

(Видео) Македонскиот тенор Благој Нацоски направи журка среде Скопје со Дац и Александар

пред 2 години

Македонскиот тенор Благој Нацоски заедно со Дац и Александар вчеравечер настапија во познато скопско кафуле. Случајната дружба, прерасна во забава за сите гости кои пееја заедно со нив и снимаа со мобилните телефони.

Тој заедно со дуото ја отпеа песна „Уште ми фалиш“ или на италијански „Mi Manchi Ancora“.  Истата песна во 2020 –та година Нацоски со Дац и Александар, додека траеше карантинот тие во студио во Скопје, а тој во Италија.

Вчеравечер ја имаа можноста заедно во живо да ја отпеат песната. Дац и Александар му отстапија минути на Нацоски, па тој отпеа еден македонски евергрин и песна од Здравко Чолиќ.

Инаку Благој Нацоски во сабота на 4-ти февруари ќе одржи концерт во Националната опера и балет по повод 20 години кариера.

Гости на концертот кај Нацоски ќе биде Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон, а водител ќе биде Огнен Јанески.

Share
Scroll to Top