Ботоксот не е штетен, но мора да се води сметка, вели доктор Марија Ристановиќ

Ботоксот не е штетен, но мора да се води сметка, вели доктор Марија Ристановиќ

пред 3 години

Ботоксот не е штетен, но мора да се води сметка, вели српската докторка Марија Ристановиќ. Таа за српски Курир, го коментираше случајот со Американката Татијана Резенде, која откако и ставиле инекција со ботокс ѝ се зголемило десното око.

Ристановиќ вели дека во овој случај докторот и ставил ботокс на погрешно место. Таа ги погледна нејзиното видеото и фотографиите на „Тикток“ и го кажа своето стручно мислење и објаснува како доаѓа до вакви грешки.

@trphotographer Botox gone wrong#botox #botoxface #botoxfilter #botoxeye #droopyeye #droopyeyelids #droppyface #botoxprocedure #doctor #botoxclinic #fy #fypシ #viral ♬ original sound – Tatiana Rezende

„Ова што се случило со Татијана се случува само во два случаи. Доколку лекарот не аплицира ботокс во одреден мускул, во тој случај тоа е негова грешка и ако пациентот не се придржува до упатите кои ги добива по направениот третман. Тогаш исклучиво е грешка на пациентот. Ние по третманот им даваме упатства на пациентите затоа што ботоксот не делува одма, како на пример филерот чиј ефект веднаш е забележлив“, рече Ристановиќ.

Пациентот по третманот шест часа не смее да спие. Во наредните неколку дена не смее да спие во зоната каде е направен ботоксот. Не смее да се врши никаков посилен притисок, масажа или вежбање за да не се дислоцира. Секој притисок на местото на кое е аплициран ботксот може да доведе до мигирирање и оттука може да настане тој несакан ефект, во овој случај кај Татијана тоа е окото“, рече Марија.

Иако многу се уплашени и ги откауваат своите зафати по оваа снимка, доктор Ристановиќ вели дека нема причина за загриженост.

„Нема причина за било каква загриженост. Ботоксот не е штетен, но пациентите мораат добро да поведат сметка на кого ќе му се доверат да им ја направи операцијата. Мораат да одат кај проверени доктори кои имаат кредибилитет. Инаку ботоксот е на последното место во естетската медицина. Многу време претходно тој се користел во неурологијата и стоматологијата и нема причина да се пласира во јавноста дека е опасен и дека не треба да се изведува и дека тоа претставува нешто страшно“, рече Марија.

„Исто така кога ваквите состојби ќе се случат, ние лекарите немаме голема можност да го отстраниме тој проблем. Отприлика како попушта ботоксот, така се намалува и неговото дејство по примената, па во случајот со Американката постепено ќе се врати и функцијата на очниот капак“, рече Марија.

 

Share
Scroll to Top